Кинеското вселенско летало Чанг 5 успешно слета на Месечината.
Чанг 5 треба да собере примероци од карпите на Месечината.
Целта на кинеската мисија е да донесе на Земјата примероци од карпите на Месечината, првпат по 44 години. Претходно, таква мисија имаа САД и Советскиот Сојуз.
Сондата е наречена Чанг по кинеската божица на Месечината.