Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов преку Фејсбук се прости со неговиот заменик, Енвер Малиќи кој утрово почина од компликации од Ковид-19.
–Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој, напиша Шилегов на Фејсбук.