Адвокат на една од медицинските сестри кои се грижеле за фудбалската легенда Диего Марадона кој почина на 25 ноември на 60 годишна возраст откри дека Аргентецот паднал и си ја удрил главата една недела пред да почине, но никој не го однел во болница. Причините за смрта на Марадона и понатаму се топ тема. Полицијата отвори истрага за убиство без умисла против личниот доктор Леополдо Луке, кој пак негира дека сторил нешто погрешно. Сега се огласи адвокатот на една од медицинските сести кои се грижеле за Марадона.
-Неколку дена пред да почине, Марадона паднал и ја удрил главата. Ударот не бил многу силен и бил на десната страна (операцијата беше на левата страна). Веднаш го подигнале, но никој не се јавил во болница, не се направени МРИ и КТ снимки. Веројатно Марадона така сакал, но тој не бил способен да носи вакви одлуки – вели Родолфо Баке, адвокат на медицинската сестра Дијана Мадрид.