Реал нема да може да го купи Мбапе на лето

Реал Мадрид нема да може да го купи напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на лето, информира „Ле Паризиен”. Како што е забележано, клубот има финансиски тешкотии поради пандемијата, што го прави невозможен трансферот на напаѓачот на француската репрезентација. Покрај тоа, Мбапе има и голема плата. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид го обнови интересот за 21-годишниот Французин. Договорот на фудбалерот со Парижаните важи до летото 2022 година.

Во сезоната 2020/21, Мбапе одигра осум натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и исто толку асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави