Светската здравствена организација (СЗО) препорача сите земји да пристапат внимателно кон планирањето за претстојната зимска празнична сезона, со цел да се спречат отворените ризици од ширење на коронавирусот поради собирање на повеќе луѓе во мал простор во зимските ски-центри.
СЗО избегна да даде некои одредени препораки за владите кои сè уште не донеле одлука дали ќе дозволат зимски туризам оваа сезона, објави „Ројтерс“.
„Апелираме до сите земји многу, многу внимателно да ги проценат ризиците од масовни собири во зимските ски-центри“, рече експертот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.