Според официјалните податоци во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 3.539 новозаразени со коронавирус, а како последица на коронавирусот, починале 55 пацинети.
Хоспитализирани се 2.408 лицам од кои 252 се на респираотри.
Медиумите во Хрватска пренесоа дека е откажана конференцијата за медиуми на Националниот кризен штаб.
-Нема потреба, два дена бевме по медиумите и се објаснивме. Нема никакви нови информации, нема потреба од конференција, ќе има во петок“, соопштиле од Штабот.