Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Уште еднаш, додава, ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани.