Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтер беше регистриран неколку минути пред 13 часот по локално време на 11 километри источно од градот Тива, околу 40 километри од Атина, согласно податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.