Аргентинецот Лионел Меси и неговиот клуб Барселона, поради оддавањето почит на неговиот сонародник и поранешен играч на тимот од „Камп Ноу“, Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар во својата 60 година од животот ги дознаа симболичните парични казни кои им ги одреди шпанската фудбалска Ла Лига.
Комитетот за Ла Лига за соблекување на дресот под кој беше облечен друг на Њуелс Олд Бојс ја казни ѕвездата на Барселона, Меси со 600 евра. Барселона пак на сметката на Ла Лига ќе мора да уплати 350 евра.