Добро вечер од Куманово,
Продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
Пред да дојдам на поентата би сакал накратко да се потсетиме на некои факти за кои што ВМРО-ДПМНЕ во минатото предупредуваше. Ќе започнам од самото потпишување на Договорот за добрососедство со нашиот источен сосед кога предупредувавме дека само политички аматер може во договорот да вклучи разрешување на историски спорови и тие да бидат понатаму критериуми за напредокот на државата во рамките на интегрирањето кон Европската Унија.
Но, за жал тогаш бевме од Зоран Заев брутално и грубо одбиени, тој на еден актобатски начин го потпиша овој Договор за добрососедство и гледаме дека тие историски спорови не само што не се решение, туку претставуваат и проблем. Сме биле во право, но за жал тоа што сме биле во право не ја намалува штетата која што ја нанесе на македонскиот народ, на македонската нација, на македонската држава егзибиционизмот на Зоран Заев.
Во март месец предупредувавме дека меморандумот кој што беше донесен во Бугарскиот парламент ќе биде составен дел од преговарачката рамка. Но, за жал и тогаш од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Зоран Заев бевме убедувани дека тоа не е вистина, дека тоа се лажни вести итн.
Ќе продолжам, оваа година јас лично предупредив дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и соседна Бугарија, од нашиот министер е побаран нов договор, или Анекс кон договорот или некој документ кој што ќе има нова правосилна рамка и ново правосилно значење. Исто така бев брутално навредуван од страна на Зоран Заев и од Бујар Османи и на Никола Димитров дека тоа се лажни вести, дека тоа не е вистина итн. Но, излезе дека сето тоа било точно и дека сме биле во право.
Овој пат сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед.
Од прилика за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев и тој човек не знам дали ќе успее во овие седум дена во период кој што следи секако ќе се обиде да земе дел од срамот кој што ќе биде нанесен врз македонскиот народ.
Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.
Нема ниту едн реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција, обичаји да ги почитува.