Ѕвездата на серијата „Скандал“ Кејти Лоус и нејзиниот сопруг Адам Шапиро во вторникот открија дека изминативе денови го дочекале нивното второ дете.
38-годишната актерка ја сподели веста за раѓањето на нивната ќерка Вера Феј со црно-бела фотографија од себе и нејзиниот сопруг Адам кратко откако се породила.
„И точно така, ние сме 4-члено семејство! Запознајте го нашето бебе Вера Феј Шапиро“, напиша таа во објавата.
На својата страница на Инстаграм, актерот Адам објави уште една црно-бела фотографија, на која се гледа Кети во болнички кревет, додека тој се наведнува кон неа.
И двајцата имаат хируршки маски за да ја намалат веројатноста за пренесување на коронавирус.
Двојката на крајот на јули ја сподели среќната вест дека го чекаат нивното второ дете.