Граѓаните одамна не веруваат во лагите и лицемерието на Христијан Мицкоски, самопрогласен хистеричен политичар. Затоа тој е сам и изолиран, затоа нема никаква поддршка од граѓаните за блокадите и протестите што ги организира за спас на сопствената фотелја во белиот дворец.
Со месеци Мицкоски го малтретира сопственото членство, ги малтретира неговите приврзаници само затоа што одбива да се соочи со реалноста дека е докажан губитник.
Дури и самиот Мицкоски посрамен од слабата поддршка бега и не се појавува на сопоствените протести. Последен доказ за тоа е вчерашната блокада која Мицкоски предвреме ја напуштил за да се упати кон елитен ресторан надвор од Скопје.
Додека ги тера неговите приврзаници да блокираат крстосници, да предизвикуваат сообраќаен метеж, Мицкоски седи во елитни ресторани криејќи се од јавноста.
Ништо ново од Мицкоски, јавноста памети како тој за време на вонредната состојба ги прекршуваше мерките и забраните и седеше во дел од ресторан кој не смееше да работи, а кога тоа се прочу, ангажираше структури во МВР под Наќе Чулев за да го затскрие прекршувањето.
Мицкоски секојдневно го покажува лицемерието и опасното однесување кон граѓаните. Затоа е таму каде што е, во опозиција каде уште долго и ќе остане.