Српскиот кошаркар вели дека имал помош од сегашниот претседател на КФСМ во изборот на новиот клуб.
Богдан Богдановиќ во новата сезона во НБА ќе го носи дресот на Атланта хокс откако си замина од Сакраменто кингс, а откри кој му помогнал во изборот да се пресели во Источната конференција.
Српскиот кошаркар вели дека бил охрабрен од Перо Антиќ, еден од најдобрите македонски кошаркари во историјата и сегашен прв човек на нашата кошаркарска федерација.
„Имам пријател кој играше во Атланта, тоа е Перо Антиќ. Заедно игравме во Фенербахче и беше многу возбуден кога му кажав дека ги одбрав Хокс, тоа многу ми помогна во изборот. Знам дека Перо беше тажен кога ја напушти Атланта пред да дојде во Турција“, истакна Богдановиќ.
Спрскиот шутер заедно со Антиќ ја освоија титулата во Евролигата во 2017 година, а пред да потпише за Атланта беше блиску до трансфер во Милвоки, но работата пропадна.