Генералниот директор за здравство на Португалија, Грака Фреитас е позитивен на тест за коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.
Министерството во соопштението информира дека Фреитас има лесни симптоми и оти здравствените служби бараат луѓе со кои Фреитас можеби биле во директен контакт.
Како што се додава, денешниот брифинг за новинарите на Фреитас е откажан.
Фреитас (63) е главен функционер во португалската Влада за борба против пандемијата на коронавирусот.
Во Португалија досега се регистрирани 300.000 случаи на коронавирус и 2.300 смртни случаи.