Во вистинска смисла на зборот пандемија на Ковид-19 владее во редовите на сеуште актуелниот европски ракометен првак Вардар.
Откако веднаш по мечот со Киелце од таборот на вардарци потврдија дека имаат позитивни на Ковид-19, што беше и причина за одложување на натпреварите со ПСЖ и Порто кои требаа да се играа оваа седмица, денеска тренерот на црвено-црните Стевче Алушовски во изјава за порталот „24 ракомет“ потврди дека има дури 12-мина позитивни на Ковид-19.
Од нив дури единаесет се играчи, а еден е член на стручниот тим.
„Дома сме и во изолација сме. Ситуацијата не е најдобра. Имаме 11 позитивни ракометари и еден позитивен од физиотерапевтите. Последниот ракометар кој имаше позитивен тест е од денеска. На листата се приклучи и Векиќ. Според нашите прописи ќе мора да биде 14 дена во изолација,а ниту еден од позитивните не може веднаш да сè врати во тренажен процес и сигурно ќе ни треба време. Ќе биде тешко.“, изјавл, Стевче Алушовски за 24 Ракомет
Со оглед на ново настанатата ситуација и принудна пауза, вардарци до крајот на календарската година нема да одиграат нити еден натпревар, најавува тренерот Алушовски.