Елен Пејџ, ѕвездата од „Џуно“ и „Амбрела академија“, во вторникот откри дека е трансродово лице и дека го сменила своето име во Елиот.
„Не можам да искажам колку е извонредно чувството конечно да сакам тоа што сум, да се сакам себе доволно за да го остварам своето автентично јас“, напиша Пејџ на Инстаграм во објавата насловена „Сакам што сум трансродна. И сакам што сум геј“. Пејџ (33), беше номиниран за „Оскар“ за улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ (2007) и глумеше во други филмови, вклучително и научно-фантастичниот трилер „Зачеток“ од 2010 година. Канадската актерка моментално се појавува во Нетфликсовата суперхеројска серија The Umbrella Academy.