Затишје пред бура: Гал Гадот се релаксира пред промоцијата на новиот филм

Продолжението на Wonder Woman, блокбастерот од 2017 година,  ќе пристигне во киносалите и Ејч-би-о Макс на Божиќ.

Но, Гал Гадот одвои малку време за да се релаксира пред промоцијата на Wonder Woman 1984 („Жена-чудо 1984“) со нова фотографија што ја сподели на Инстаграм во вторникот.

35-годишната актерка изгледа потполно опуштено додека го покажува своето лице без шминка и беспрекорната кожа. Гал, која на 18 години ја доби титулата Мис Израел, е позната по нејзината природна убавина.

Гал мирно лежи на тросед на отворено, на себе има бел сарафан со дизајни во сива и беж боја. Израелската актерка, има ненападна, нежна насмевка на лицето, а објавата ја наслови: „Затишје пред бура …“

Sвездата ќе има многу медиумски настапи за нејзиниот претстоен филм, чие дејствие се преселува од почетокот на дваесеттиот век до средината на 1980-тите.

Треба да знаете
Последни објави