Зидан не размислува да си поднесе оставка

Кризата во редовите на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид не е изразена само во Примера. Таа го следи и во елитното натпреаврување Лигата на шампионите каде „кралевите“ вторпат во групата Б загубија од украинскиот Шахтјор. Во Мадрид (2:3) и синоќа на гостувањето во Киев (2:0). По овој пораз Реал Мадрид падна на третата позиција на табелата во групата со седум бода, исто колку што сега има и Шахтјор, па во последното коло против Борусија Менхенгладбах ќе мора да победи ако сака да обезбеди пласман во осминафиналето.

За оваа резултатска криза во редовите на „кралевите“ многумина сметаат дека виновник е трофејниот нивни тренер Зинедин Зидан.

-Нема да си поднесам оставка. Тоа е сигурно. Игравме добро, особено во првото полувреме и заслуживме да постигнеме барем еден гол. Нивниот гол дојде во незгодно време за нас, бидејќи сите очекувавме дека токму ние ќе влеземе во позитива. Низ кариерата сум имал голем број вакви ситуации и секогаш сум успевал да најдам начин за излез од кризата. Мислам дека и сега имам сила за такво нешто, изјави Зидан.

Треба да знаете
Последни објави