Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма, посветена на работата парламентот и блокадата на опозицијата на донесување на измените на Деловникот, со кои би се овозможило онлајн работа на пратениците што се во изолација, потенцираше дека од деструктивното однесување на опозицијата првенствено страдаат граѓаните.
Велат во ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала коректен однос кон нив и затоа блокирале. Па, што се виновни граѓаните ако опозицијата не е задоволна од власта, па ги блокирате законите. Со ова однесување на граѓаните им предизвикуваат проблеми.”- рече Каевски.
Сакате криза, сакате буџетот да не се донесе, сакате граѓаните да не добијат пари во кризата, ги блокирате законите. Од нас се чекаат одлуки да им го олесниме животот на пензионерите, на децата без родители, на самохраните родители, уметниците, социјалните случаи, рече Дарко Каевски.
Нужно е опозицијата да даде предлог, тоа е нужно, рече Каевски, додавајќи дека сите амандмани што ги видовме од опозицијата се само доказ дека си игра со чувствата на граѓаните, со оние на кои парите им се неопходни.
Во врска со барањата на опозицијата за расправа во собранието за отворените прашања со Бугарија, Каевски истакна дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара, ако се стави ова прашање во пленум ќе се отворат прашања, што се затворени со договорот.
ВМРО сака да ја искомплицира улогата и позицијата на нашата држава и ја нарушуваат позицијата што ја добивме со Договорот што го потпишавме со Бугарија, зашто да дебатираме за нешто што е веќе потврдено, рече Каевски.
Тој изрази жалење што опозицијата не помага, туку одмага, и ја повика да каже алтернатива ако има, наместо со ситно политиканство да ја отежнува состојбата.