Амандмани поднесени на деловникот за работа од далечина во ситуација на Ковид19 пандемија, поднесени од цела опозиција, над 3.000.
Што ви кажува ова почитувани граѓани.
Дека целата опозиција од вмро дпмне, до левица е исклучиво фокусирана на блокирање на работата на собранието.
Јас ја разбирам потребата на опозицијата да поентира, да профитира политички, но без притоа да си играат играчка со собрание.
Не е тоа суштината за која не гласале граѓаните.
Левица една партија која ги примами симпатиите на еден мал дел граѓани, која експлицитно вети дека ќе се залага пред се за подобрување на работничките права, до сега нема поднесено ниту еден единствен амандман по однос на тоа прашање.
Парламентот не е циркус, како што се обидува да го направи опозицијата.
Во ред е понекогаш да има различен наратив на говорница, и тоа е позитивно, барем јас така го гледам, но да земаме плата од граѓаните а притоа исклучиво да навредувате, да лажете, да ширите страв и паника е недолично.
Дајте бре опозицијо барем изработете си ја платата, не мора повеќе…