Најмногу лаги и дезиинформации за наводното распарчување на земјава изминатиот викенд пласираше ВМРО-ДПМНЕ.
Еве, овој викенд помина, ние сме се уште Македонци и зборуваме македонски јазик, не се распарчивме, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ сака само да манипулира со лажни вести и со субјективно толкување, очајно стојат на страна, деструктивни, чекајќи момент да манипулираат со информациите и со вистината. Се што сакаат да направат е да блокираат, и да му ја спасуваат фотелјата на својот лидер.
ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за европската перспектива на нашата државата, тоа граѓаните го знаат, нагласи Кузеска, додавајќи дека поттикнуваат поделби, наелектризирана атмосфера, сакаат да го држат народот во страв, со измислици, кои се готват во кујната во белата палата и организираат протести, на кои ни Мицкоски не доаѓа, туку оди во ексклузивни ресторани.
Факт е дека сме 30-та членка на НАТО, дека зборуваме на македонски јазик, дека идентитетот е признат, дека сме македонци, нагласи Кузеска, додавајќи дека се надеваме на напредок во декември, но мора да се оди напред, генерации се изгубија во режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Доста е од застанување, мора да продолжиме напред, имаме црвени линии, за македонскиот јазик, за идентитетот не се разговара, не се преговара и ниту ќе се преговара, историјата, останува на комисијата која ги утврдува историските факти, а на политичарите е да го отвораат патот да влеземе во ЕУ, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска