Злобата доаѓа од неспособноста, а се храни со туѓа несреќа. Ова е мојата порака за колегите, избрани со гласови на граѓаните кои верувале дека треба нешто добро да направат за државата. Само злобни луѓе може да си поигруваат со несреќата на другите луѓе. Еве како колегите за кои некои од вас гласале, верувајќи им, сакаат да допринесат за државата и за вас граѓаните:
“Пратениците се должни да носат пижами при учество на седницата од далечина ако времето на одржување на истата е после 20:00 часот.”
“Доколку пратеникот е пратеник од опозицијата при учество на пленарната седница од далечина мора во позадина да ја има пуштено “Пада влада” од Бајага.”
“Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носат облека со обележја на друштвени игри пред камера.”
“Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носат облека со обележја на шпедитерски претпријатија пред камера.”
“Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носат облека со обележја на играорни здруженија пред камера.”
“Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носат облека со обележја на слаткарници пред камера.”
“Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носат облека со обележја на друштвени игри пред камера”