Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села верува во самоопределувањето на секој граѓанин и за тоа вели дека не треба да има дилема. Однесувањето на Бугарија за него е недозволиво во 21 век.
-Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедствот е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин, вели Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците во Студио 10 на ТВ24.