Села: Груевски имаше причина да ме убие, но каква причина имаше Заев да ми забие нож в грб

Лидерот на Алијанса на Албанци, Зијадин Села, во интервју за Студио10 на тв24, зборувајќи за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ од аспект на „крвавиот четврток“

рече дека би сакал да биде во емисија со Зоран Заев за да се разјаснат некои работи околу настаните на 27 април пред три години, кога тој речиси беше убиен од толпа народ која влезе во Собранието.

-Мене не ми треба „извини“ ниту од Мицкоски ниту од било кого. Не сме седнале со Мицкоски да направиме договор за коалицирање. Нема да се криеме ако треба да правиме коалиција. Немаме предрасуда за никого за ниеден политички субјект. АА ќе прави коалиции со оние партии кои го прифаќаат концептот и идеите. Нашиот идентитет како партија не го градам врз коалиција со македонска политика партија. Нашите ставови никогаш не зависеле од тоа кој е македонскиот партнер од другата страна. Сегашната позиција на ДУИ беше и во времето на Груевски, тие се партнери во Владата веќе 18 години, но тука се само како статуи, без идеја и програма, таква нема. Нивната цел е само да се тука за да земаат удел од власта. Нашиот кредибилитет се гради врз она што им го ветивме на граѓаните. За 27 април сакам да сум во студио со Заев, тој треба да даде некои одговори, зошто сведочи во судот, дека Вељановски, Јанакиески не биле виновни. За настаните од 27 април осуден е Фета Алими, човек што ми ја спаси главата, не треба таква правда да има. Му должам на тој човек. Груевски имаше причина да ме убие затоа што знаеше што ќе му се случи, но каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, политички,

 

Треба да знаете
Последни објави