Однародената власт сега станува и одлепена од реалноста уште повеќе.
Среде епидемија во 2021 наместо повисок буџет за здравството, тие предвидуваат помалку средства за 5% во споредба со оваа година. Ама затоа непродуктивните трошоци, за мебел, за возила, шкампи, бурбони, торти, шампањи остануваат екстремно високи.
Дури Филипче и Заев кројат расипнички буџет, секој ден заболуваат илјадници граѓани, а десетици умираат од КОВИД вирусот, а тие абер немаат нешто да преземат. Последното деноноќие само починаа 29, а се заразија нови 1069 лица.
Повторно црни биланси кои ја прават Македонија една од земјите рекордери во светот по смртност на милион жители, бидејќи досега изгубивме 1.792 сограѓани во епидемијата.
А, на власта око не и трепнува нешто да промени и да спречи ваков геноцид.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за 2021 со кои ќе се обезбедат средства за бесплатно тестирање на граѓаните и дополнителна набавка на 50 амбулантни возила за цела Македонија.
Недозволиво е функционерите да може експресно и бесплатно да се тестираат и лекуваат, а народот да чека до денови тестирање, а со часови брза помош.
Но за жал оваа одлепена власт го одби овој конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа велиме дека оваа неспособна власт е подеднаква опасност како и КОВИД вирусот. Нивната неодговорност чини здравје и животи на граѓани.