Некогаш одличниот германски фудбалер Бернд Шустер во Барселона ја делеше соблекувалната со Диего Марадона, еден од најголемите играчи во историјата на најважната споредна работа на светот. Чудесниот Аргентинец кој почина на 25 ноември од срцев удар на 60-годишна возраст сеуште е присутен во светските медиуми.Неговата фудбалска кариера и причините за смртта ги полната медиумите. Германски „Билд“ разговараше со Шустер, кој смета дека Барселона го уништила Диего.
-Претераа, го прогонуваа, одеа по него. Тоа беше голема грешка на градот, клубот, сите нас. Не знаевме како да се грижиме за него. Наместо да го заштити, Барселона го уништи, истакна Шустер.
Германскиот фудбалер бил цимер со Марадона додека играле во Барселона, но не се гледале многу.
-Како и секој Германец спортист рано си легнував, а и рано станував. Со Диего тоа не беше случајот, изјавил Шустер.