Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден нема да го смени Кристофер Вреј од функцијата директор на Федералното истражно биро (ФБИ), пренесе „Њујорк Тајмс”, повикувајќи се на изјава на висок претставник од тимот на Бајден.
Тимот на Бајден „нема да го смени директорот на ФБИ, освен доколку Трамп претходно не го отпушти”, пишува „Њујорк Тајмс”.
Никој од кампањата на новоизбраниот американски претседател не сакаше веднаш да одговори на барањето за коментар, пренесуваат британските медиуми.