Договор меѓу ОН и Етиопија за хуманитарен пристап во Тиграј

Обединетите нации соопштија денеска дека потпишале договор со Владата на Етиопија, со кој се овозможува непречен хуманитарен пристап во регионот Тиграј, барем во деловите кои се моментно под контрола на сојузните власти.

Тоа ќе овозможи испраќање помош за регионот каде живеат шест милиони луѓе, а кој е блокиран веќе еден месец откако таму почнаа борби меѓу силите на сојузните етиописки власти и на регионалната влада на Тиграј.

– Секако работиме на тоа да се обезбеди помош за целиот регион и за секое лице на кое му е потребна, истакна портпарол на ОН.

Треба да знаете
Последни објави