Елтон Џон им се придружи на водечките британски добротворниорганизации во повикот за масовно тестирање за ХИВ со цел да се запрат нови трансмисии во Англија следната деценија, во услови на загриженост дека Ковид-19 влијае на пристапот до тестови и лекови.
По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, првата британска комисија за ХИВ, која ја основаа три фонда – Теренс Хиџинс , Национален фонд за сида, и АИДС фондацијата на Елтон Џон – објави 20 препораки за искоренување на нови случаи на ХИВ-позитивни до 2030 година.
Некои од препораките укажуваат дека тестирањето за ХИВ треба да биде стандардна постапка за пациенти кои се регистрираат кај нов лекар, пациенти на кои им се вршат рутински тестови со брисеви, или пациенти примени во одделенијата за итни случаи во болници.
„Едно нешто што научивме оваа година е важноста на тестирањето, тестот за ХИВ е од круцијална важност за ставање крај на нови случаи на ХИВ во Англија“, рече Џон, чија добротворна организација има собрано приближно половина милијарда долари во борбата против ХИВ вирусот.