Во околу 15 проценти од домаќинствата во земјава има најмалку еден член од семејство кој не може сам да ги извршува своите потреби или има потреба од нега. Во 73 проценти од нив, негата во домот ја дава жената. Давателите на нега поради овој ангажман, кој не е платен, многу често имаат проблеми да најдат работа, заработуваат помалку или добиваат отказ на работното место. Државата нема капацитети да ги згрижи овие лица на кои им е потребна нега, поради што членовите на семејствата ја преземаат оваа обврска. Државната помош што се добива за вакво лице е околку 4000 денари и тоа не е доволно ниту да се подмират основните трошоци, уште помалку ангажирање на негувател од надвор, поради што е потребно зголемување на таа сума до ниво на минимална плата.
До вакви сознанија дошле од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со истражување и анализа на податоците од истражувањето врз основа на анализа тие изготвиле и препораки кои ги испратиле до надлежните министерствза за труд и социјална политика и за здравство.
– Жените го носат најголемиот товар како даватели на нега во домаќинствата. Во околу 73 проценти од нив жените се примарни даватели на нега, иако во домаќинствата живеат поддеднаков број мажи и жени. Тоа значи дека обезбедувањето неплатена работа за нега за член на семејството е главен товар за жените и претставува проблем на родова нееднаквост, бидејќи 43 проценти од давателите на нега кажале дека тоа што обезбедуваат нега за близок член на семејството сериозно ги попречува во нивната работа и работоспособност, не можат да најдат работа или заработуваат помалку или се соочуваат со проблеми на работното место поради давањето на негата, рече на презентацијата на резултатите од истражувањето Јане Велески од ЕСЕ.
Според него, обезедувањето ваква нега влијае негативно и врз физичкото и врз менталното здравје на давателите на негата. Дополнително, вели, целото семејно домаќинство има и дополнителни семејни трошоци во обезбедувањето на негата. Така во просек домаќинствата трошат 4250 денари за набавка на лекови, пелени завои, гази и друг медицински материјал, а 2900 денари за обезбедување здравствени услуги за лицето кое има потреба од нега. Дури 70 проценти од овие домаќинства, покажало истражувањето, велат дека имаат и зголеми останати трошоци поголеми сметни за струја, вода, хигиенски средства, дезинфициенси или храна за специфична искрана. Како резултат на ова 63 отсто од домаќинставата изјавиле дека мора да трошат заштеда да ги покријат трошоците од обезбедување на негата.
– Давателите на нега на ова трошат најмалку пет часа дневно секој ден во неделата, постојано. Тоа е приблично околу 40 работни часа неделно. На ваков начин, според нашата проценка, нивниот работен ангажман во просек за едно лице чинел околу 262 илјади денари годишно и оти тоа е сумата која тие и ја заштедуваат на државата, бидејќи таа нема доволно капацитети за лица кои имаат потреба од долгорочна нега, рече Велески додавајќи дека во земјава има само околу 350 легла за лица кои имаат отреба од нега.
Тој нагласи дека помошта што ја добиваат на месечно ниво од државата се движи од 3900 до 4400 денари месечно по лице. Тоа, потенцира Велески, не е доволно ниту да се покријат основните тршоци за потреби на нега на болните лица, а воопшто не го надоместува времето потрошено за работа на давање нега, ниту пак им овозможуваат на семејствата да ангажираат негувател од надвор.
За надминување на ваквите состојби, ЕСЕ бара од министерствата за труд и социјална политика и за здаравство обезбедување посебна служба за посета на овие лица кои освен медицинска, ќе можат да им дадат друга нега, психолошка поддршка или други услуги од социалната заштита, формирање служби за транспорт на овие лица со посебни возила за да можат да ги извршат сите потреби, од кое една од најважните е пристапот до здравствени услуги, да се воспостават посебни дневни центри, но и да се врши редовна едукација на давателите на нега.
Се бара и да се овозможи флексибилно работно време за лицата кои даваат нега, со цел да не го изгубат работото место, но и зголемување на паричниот надомест за лицата на кои им е потребна нега до висина на минимална плата.
– Доколку давателот е невработен и се одлучи да се грижи за болното лице и не сака да ангажира негувател од надвор, исто така да се обезбеди овој износ на минимална плата и државата да му плати придонеси на таа сума, вели Велески.
За да може да се регулираат овие прашања, нагласува тој, потребно е да се изготви регистар за сите лица кои не можат самостојно да ги извршуваат своите потреби и имаат потреба од нега. Исто така, државата треба да го унапреди системот за лична асистенција, но и да обезбеди механизам за тоа кој ќе ја преземе грижата за лице кому е потребна нега, кога ќе остане без потрбената заштита и нега од неговите блиски по било која оснава.