Исто како во серијата така и во реалниот живот се роди љубов помеѓу Гокберк Демирчи и Озге Јагуз. Пред неколку месеци медиумите првпат објавија гласини дека тие се во врска. Нивната љубов се родила за време на снимање на серијата „Ветување“ каде што таа ја толкува улогата на Рејхан, а тој на Емир.
Но, деновиве познатиот турскиот актер реши да ја запроси младата актерка која не се појавува во новата сезона на серијата „Ветување” затоа што има улога во нова серија. Демирчи клекна пред неа, а таа го кажа своето судбинско ДА, па нивната среќа решија да ја споделат и да ги израдуваат своите пријатели и фанови преку социјалните мрежи.
Тие досега не се огласувале често во врска со нивната љубов, иако пред неколку месеци ја потврдија врската. „Му се радувам на сето она што е пред нас и што нè очекува“, напиша актерот тогаш на „Инстаграм“.
Преземено од Вечер Прес