Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми организираат онлајн работилница на тема „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации”. Дел од темите за кои ќе се разговара на работилницата се прашањата дали постои страв кај медиумските работници од можни последици додека известуваат од терен за ковид кризата, дали новинарите при известувањето во кризни ситуации успеваат да повлечат линија меѓу професионалното и личното и можат ли самите да се справат со промените кои пандемијата им ги внесе во професионалниот живот.
Работилницата е дводневна и ќе се одржи на онлајн платформата ЗУМ.