Реал Мадрид прими девет гола за прв пат во пет кола од групната фаза во ЛШ

Најтрофејниот тим во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите со 13 освоени европски „круни“ Реал Мадрид синоќа загуби на гостувањето кај Шахтјор со 2:0. За време на настап на „кралевите” во елитното натпреварување сезонава, примија девет гола во пет кола од групната фаза што е негативен рекорд за клубот.

Досега Реал го победи Интер двапати (2:0, 3:2), ремизираше со Борусија Менхенгладбах (2:2) и загуби од Шахтјор (2:3 и 0:2).

Во последното коло Реал ќе игра со Борусија Менхенгладбах во обид со победа да обезбеди место во плејофот. 

Треба да знаете
Последни објави