Во Централниот воен округ на Русија започна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се вакцинира воениот медицински персонал кој учествува во дијагностицирање и лекување на пациенти со Ковид-19, воениот персонал на борбена должност, командниот персонал и единиците во воени бази.
Претходно, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, најави дека први ќе се вакцинираат војниците.
Планирано е повеќе од 400.000 војници да ја примат вакцината која е произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот Фонд за директни инвестиции.
Вакцината на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство.