Во Бугарија во изминатите 24 часа се регистрирани 3.475 новозаразени лица со ковид-19, што е за 661 повеќе од претходниот ден. Во однос на вчерашната рекордна смртност, денеска бројот на починати е помал и изнесува 153.
Од почетокот на пандемијата во Бугарија се заразени 148.775 луѓе, а починале 4.188.
Моментно се активни 91.587 случаи, од кои 457 се на интензивна нега.