Судењето за случајот „Шпански скали“ против поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и проитив државен правобранител за Град Скопје, вработени во Министерството за транспорт и врски, меѓу кои Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, пак е одложен, објави „Република“.
Следното рочиште ќе се одржи дури во февруари следната година.
Еленко Миланов, адвокатот на Миле Јанакиески, кој е во домашен притвор за овој предмет од јуни лани, негодува на ваквата одлука.
Јанакиески секојдневно е на суд за другите предмети за кои е обвинет но не и за предметот за кој му е одредена мерката домашен притвор. Притворските предмети по редот на нештата треба да имаат приритет, но навистина немам одговор зошто за овој предмет не е така, вели Миланов во изјава за „Република“.