Вечерва во 18 часот во знак на револт за распродажбата на националните интереси се блокираа крстосници и во Битола.
Битолчани се крајно разочарани и понижени од страна на ненародната власт предводена од Зоран Заев и велат дека нема да дозволат никој да поигрува со чувствата на Македонците.
Зоран Заев, ниту пак било кој друг политичар, нема право да задира во македонскиот идентитет, бидејќи Македонија не е ничива своина, туку наша татковина.
На блокадите во Битола се обрати и Иванчо Тошевски кој јавно порача дека битолчани нема да се повлечат и секојдневно ќе бидат на улиците, се до конечниот пад на Зоран Заев и оваа квинслиншка влада. Битолчани ќе останат на браникот на Македонија и нема да дозволат пазарџии од типот на Заев да ја ставаат на распродажба.
Народот е на нозе и борбата ќе продолжи.