Копретседателот на Мешовитата комисија од македонска страна, Драги Ѓеоргиев реагираше на изјавата на неговиот колега од бугарска страна, Ангел Димитров, кој во изјава за бугарската национална телевизија ги обвини македонските колеги дека прават се што е можно да не се случи напредокот
Ѓоргиев во изјава за РСЕ рече оти смета дека далеку е покорисно да се даде личен придонес во научната дискусија во рамките на комисијата, отколку во јавноста да се даваат еднострани политички толкувања и лични желби.
Ѓоргиев, во пресрет на средбата закажана за утре и задутре очекува дека членовите на Комисијата ќе се однесуваат професионално и академски.
-Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо. Ако однапред се бараат оправдувања за неуспех на средбата тоа секако нема да придонесе кон реализација на нашите заеднички цели. Далеку е покорисно да дадеме личен придонес во научната дискусија во рамките на комисијата, отколку во јавноста да даваме еднострани политички толкувања и лични желби. Очекуваме плоден дијалог ослободен од политички притисоци и политички агенди со цел да придонесеме во градење на заемно пријателство, вели Ѓоргиев во изјава за Радио Слободна Европа.