(Видео) Снегот направи проблеми во сообраќајот во Хрватска

Поради снегот што падна во поголемиот дел од Хрватска, настана хаос во сообраќајот на патиштата низ целата земја. Првиот снег падна и во главниот град Загреб. Зимското одржување на патиштата е во тек, така што има долги колони зад возилата за зимски служба кои се движат побавно.

Од Хрватски автопатишта (ХАЦ) испратија предупредување до возачите да го прилагодат возењето на сложените услови на патиштата, а особено препорачуваат да не ги претекнуваат машините за чистење снег пред кои секогаш патот е неисчистен.

Треба да знаете
Последни објави