Во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24, дојде до жестока дебата помеѓу Андреј Жерновски од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ. Кога дебатата, која на моменти излезе од контрола, Жерновски го запраша Јанушев со кое лице зборува за криминал. „Ти си персонификација за криминал, и сега ти зборуваш за криминал. Ќе има судски процеси и ќе се види кој за што е одговорен. Еве, кажи и на јавноста од каде имаш четири стана, куќа во Охрид, кола Лексус, со која плата го купивте целиот имот? Груевски каде ви е? Избега од правдата.“- се обрати Жерновски. Жерновски неколку пати реагираше кај водителката на емисијата дека Јанушев го попречува во говорењето и му се меша во секој збор. „Нека дојде Јаниушев сам во студио нека си збори, ако не. Стилот на Јанушев во студио е слика и прилика на полтиката на ВМРО ДПМНЕ – кавга со соседи, кавга со ЕУ, кавга со НАТО… Ја разбирам реториката, патриотската, онаа дека ние сме потомци на Александар, но тоа трае недела -две, но што правиме со иднината? Затоа граѓаните имаат можност да изберат, едната стратегија на ВМРО ДПМНЕ која е погубна, и нашата стратегија која работи на создавање на пријателства. Со нашата политика станавме членка на НАТО. Удирање во гради, тресење празна слама е веќе видено и неефикасно.“- заклучи Жерновски. Иако се повикани да дебатираат за македонско- бугарските односи и датумот за преговори со ЕУ, сепак Јанушев со постојаното упаѓање во збор ја дефокусира дебатата од главните теми.