Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2020 година” во Република Северна Македонија од страна на финансискиот магазин The Banker.
Од Комерцијална банка информираат дека освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и цел свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.
На свеченото прогласување на победниците, што се одржа вчера во Лондон преку Интернет презентација, поради вонредните услови наметнати од вирусот Covid-19, свое обраќање имаше Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Во своето обраќање таа се заблагодари во името на тимот на Комерцијална банка за доделувањето на оваа престижна награда.
-Оваа година беше и се уште е многу тешка поради условите наметнати од вирусот Covid-19. Ние ги вложуваме сите напори за да одржиме континуитет во нашите активности и да ги обезбедиме сите банкарски услуги за нашите клиенти на начин кој обезбедува и заштита на здравјето. Ќе продолжиме да работиме на истиот начин и во иднина, порача Стевкова Штериева.