Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се евакуирани поради пожар во болница во центарот на Москва, соопшти претставник на службите за итни случаи. Локалните медиуми јавија дека објектот, во кој избувнал пожарот е во процес на реконструкција. Прес-службата на Државниот оддел за вонредни ситуации на Русија потврди дека за време на гаснењето на пожарот биле спасени 23 лица и оти во зградата имало персонал кој работел на реконструкцијата.