Нејмар: Најмногу сакам повторно да играме заедно со Меси

Фудбалерот кој го има најскапит трансфер во светото Бразилскиот интеранционалец Нејмар по синоќешниот триумф на неговиот ПСЖ прптив англискиот Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите (3:1) во кој тој постигна два гола изјави дека негова најголема желба му е да заигра повторно заедно со Лионел Меси.

-Она што најмногу го сакам е повторно да заиграм со Меси, повторно да уживам со него на теренот. Сакам да играм со него веќе претстојната сезона, изјавил Нејмар.

Бразилецот и Аргентинецот Меси играа заедно во редовите на шпанската Барселона од каде Нејмар се пресели во редовите на францускиот првак ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Многумина помислија дека ќе почне нова сага околу негово евентуално враќање во Барселона, но, всушност ова е најава дека Аргентинецот би можел да се пресели во ПСЖ. Неговиот договор со Барселона завршува на крајот од сезонава по што ќе може како слободен играч да бира каде ќе ја продолжи кариерата. ПСЖ е еден од заинтересираните клубови за услугите на еден од најдобрите фудбалери во светот.

Треба да знаете
Последни објави