Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.062 од појавата на болеста, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 22 починати, што претставува нов црн рекорд на жртви на епидемијата во еден ден. Според последниот дневен извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вчера се регистрирани нови 627 заболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата достигна до 41.299.
Во истиот период се евидентирани и 543 излекувани, а вкупно досега болеста ја совладале 26.453 лица, кај кои бил дијагностициран Ковид-19.
Активни носители на новиот коронавирус во Косово во моментов, според официјалните податоци, се 13.748 случаи.
Вчера се извршени 1.510, а вкупно досега 148.213 тестирања со методот РТ-ПЦР.