Ројтерс: Празничните ТВ-филмови преплавени со ескепизам, не со Ковид-19

Фиктивниот хирург на „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), Мередит Греј, беше заразена со Ковид-19, а вработените во „Суперстор“ натрупаа тоалетна хартија. Но Божиќ – заедно со коледарските песни, семејните собири и романсата – на телевизија ќе биде во голема мера зона без коронавирус, коментира „Ројтерс“.

ТВ-програмите усвојуваат различни пристапи кон пандемијата во своите редовни сезони. Некои серии како „Конериеви“ (The Conners) ја прифаќаат како реалност, комедии како „Мама“ (Mom) целосно ја игнорираат, и драмата „Ова сме ние“ (This is Us) делумно, но не како централна тема.

Но, кога станува збор за Божиќ, ескепизмот или бегањето од реалноста сè уште владее.

Каналот „Холмарк“ и сестринската мрежа „Холмарк филмови и мистерии“ оваа година ќе прикаже 39 празнични ТВ-филмови – сите снимени во текот на пандемијата – но ниту еден од нив не го споменува вирусот.

„Брендот Hallmark е за меѓусебно поврзување, љубов и прослави во сезоната на празници“, вели Мишел Викари, извршна потпретседателка за програма во „Краун медиа“, сопственик на Холмарк-каналите.

Треба да знаете
Последни објави