Спасовски во Штип: Со Николов Штип останува во сигурни раце, на 13 декември граѓаните ќе изберат да продолжат успесите

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски попладнево беше на средба со граѓани на општина Штип, каде пред пристуните порача декa Штип заслужува да има градоначалник со полн легитимитет и со мандат даден од граѓаните.

„Три години Штип чекори по исправниот пат, по патот на напредокот и развојот. Со Сашко Николов Штип ќе го продолжи тој пат, носејќи го Штип рамо до рамо со европските градови. Со Николов како градоначалник ќе продолжи одговорната работа и реализацијата на проекти во интерес на граѓаните, порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски ја поздрави посветеноста на Николов во борбата против коронвирусот и ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да дадат поддршка и да гласаат за број два, за Штип да остане во сигурни раце.

„За поздравување е иницијативата на Сашко Николов за обезбедување бесплатни заштитни маски за сите граѓани додека трае Ковид кризата.Отварање на доброволен фонд за оваа намена ќе им помогне на штипјани уште поревносно да ги почитуваат заштитните мерки. На 13ти гласајте за бројот 2, гласајте за Штип да остане во сигурни раце” повика Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави