Спасовски истакна дека прва констатација на средбите со граѓаните на Штип е дека навистина има сериозна промена во Штип во изминатите три години, завршени проекти, асфалтирани улици, реашавање на клучни прашања во општината, како изградбата на брадата на реката Отиња и дека е многу важно да се продолжи тој пат, но исто така се чувствува таа верба во Сашко Николов, кој граѓаните добро го познаваат.
Најважна карактеристка е тоа што Сашко Николов одбра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, а тој одбрал да биде овде во својот град да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака тоа е патриотизам, нагласи Спасовски.
Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, одговорноста на политичките партии се гледа и тука, дали ќе учествуваат или не, а ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз.
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да ја земат иднината во свои раце , без разлика на возраст, верска, етничка и политичка припадност, масовно да излезат на гласање, на фер, демократски и безбедни избори на кои нема здравствен ризик.