На амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. Кон ветото за Македонија се приклучиле и други земји членки на Европската Унија. Наместо агресивна дипломатија Заев се затвори во криминалниот круг Заев, Бучковски, Димитров. За главниот преговарач на Заев, Бучковски, нивниот градоначалник Максим Димитриевски вели дека е велепредавник, што значи дека црвените линии на Македонија ги брани велепрадавник.
Осудениот за бугарски тенковски делови, па од скоро ослободен Бучковски и аболицираниот Заев се комбинација каква што Бугарија може да посака. Истовремено со нив Македонија може само да страхува за својот идентитет, јазик, народ и историја.
Тие се натпреваруваат кој повеќе ќе свитка кичма и ќе удоволи на негаторите на македонскиот идентитет. За нив нема ништо свето, ни АСНОМ, ни НОБ, ни партизани, ни хероите од илинденската епопеја. За нив е света само власта.
Оваа власт аматерски ги стави на коцка европската иднина и македонскиот идентитет уште во 2017 со договорот кога како критериум за напредок на Македонија ги стави идентитетските и историските прашања. За жал ниту еднаш во овие три години не одговорија на негаторството, па дури напротив се обврзиваат да потпишат дополнителен договор во кој ќе се пазарат со работите кои никој во Македонија не им дал право и легитимитет.
Затоа Македонија гласно се спротивставува. Затоа работата е дојдена до ЗАЕВ ИЛИ МАКЕДОНИЈА. Оставка на Заев, слобода на Македонија.