Срамно е што среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за здравствена заштита

Среде пандемија, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со поднесување 500 амандмани во Собранието ги блокира измените на Законот за здравствена заштита.

Срамно и неодговорно е опозицијата да се обидува да ја блокира работата на парламентот, да работи на штета на интересите на граѓаните.

Ова е продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Граѓаните, целата јавност ова го гледа и го цени.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ трипати по ред е казнето од граѓаните на избори, затоа Мицкоски е во опозиција и уште долго ќе остане таму.

Треба да знаете
Последни објави