Сопругот на пејачката Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ, некогаш 19. најдобар играч во светот, вели дека никогаш не може да си прости што не му помогнал на Новак Ѓоковиќ во моментите кога му било најпотребно.
Тој сега побара прошка од најдобриот тенисер во светот, затоа што не му помогнал на почетокот на кариерата. Пред 17 години таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, побарал од Боба тој да инвестира во неговиот син.
Боба и Брена ги одбиле. Им кажале дека Новак е добар тенисер, може многу да постигне, но има болно срце и неговиот татко е тежок за соработка. Ако вложеле тогаш во Новак, Брена и Боба денес ќе добивале 15% од секоја негова награда или спонзорски договор.
За десет години би можеле да заработат 18 милиони евра.
Боба вели дека ни самиот не можел да поверува дека го одбил Ѓоковиќ и дека му кажал дека мора да бара помош од некој друг. Сега, по речиси две децении, негов близок пријател проговори за грешката која тој ја направил.
„На Боба баш му е криво поради Новак. Тој сака да го реши тоа и отворено да разговара. Боба се издаде пред пријателите и кажа дека чувствувал потреба да го замоли Новак за прошка“, изјавил изворот.
Боба добил голема поддршка од неговата сопруга Лепа Брена. Како што вели изворот, таа го поддржува во сѐ и длабоко во себе верува дека Новак не му има замерено на Боба и дека на крајот работите ќе се решат.
„Мислам дека Боба лично ќе го повика Новак и ќе ги испеглаат работите. Ноле има големо срце и знам дека на никого не му има замерено“, изјавила таа.
Боба е поранешен српски тенисер. Во својата кариера имал одиграно повеќе од 250 мечеви, на кои остварил 150 победи. Поради добрите резултати тогаш сите му се восхитувале, особено младите. Една од тие млади надежи бил и Новак Ѓоковиќ, моментално бројот еден во светот.
Преземено од Репортер